-->
-->
Бруклин го повлече дресот со број 15 во чест на Винс Картер
-->
Бруклин Нетс го повлече дресот со број 15 што го носеше Винс Картер.
Церемонијата за пензионирање на дресот со број 15 се одржа на полувремето од натпреварот против Мајами. Картер е седмиот играч чиј дрес е повлечен од Бруклин Нетс.
Винс Картер ја започна својата НБА кариера во Торонто. Тој играше за Нетс, потоа Њу Џерси, од 2004 до 2009 година. Потоа играше за Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта, а својата играчка кариера ја заврши во 2020 година.
-Ова е навистина нешто што моето семејство и јас ќе го цениме засекогаш, сподели Винс Картер на церемонијата.
На почетокот на ноември минатата година, Торонто Репторс го повлече дресот со број 15, кој Винс Картер го носеше за клубот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием