-->
-->
Бруно ле Ру е нов француски министер за внатрешни работи
-->

Претседателот на парламенарната група на владејачката Социјалистичка партија во Долниот дом на францускиот Парламент, Бруно ле Ру е новиот министер за внатрешни работи, соопшти прес-службата на Елисејската палата.
Ле Ру ќе биде одговорен за борбата против тероризмот - клучна задача во земјата која неколкупати во последниве години беше погодена од исламистички напади.
Тој ќе го замени досегашниот министер Бернар Казнев, којшто пак, претседателот Франсоа Оланд го назначи за премиер. Казнев на премиерската функција го замени Мануел Валс, кој поднесе оставка за да се вклучи во номинациската трка на социјалистите за претседателските избори напролет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
