Брутално претепано 17-годишно момче во скопска Автокоманда
Како што информираат од полицијата, вечера во 22.30 часот во полициската станица во Гази Баба, 48-годишниот К.А. од с.Визбегово – Скопје пријавил дека истиот ден околу 12.00 часот на бул.„Александар Македонски“ над неговиот 17 годишен син ученик во СУЦ„8-ми Септември“, му било извршено насилство од страна на повеќе лица.Имено, додека истиот бил на училиште дошле лицата со цел физички да го нападнат неговиот другар, но тој побегнал внатре во училиштето, а неговиот син со уште еден ученик се упатиле кон автобуската станица, каде без повод и причина биле физички нападнати од лицата. Другиот ученик успеал да побегне, додека лицата продолжиле да го удираат неговиот син со тупаници и клоци по телото и главата и во моментот кога почнал да бега, бил попречен, паднал и се здобил со скршеница на рака, по што лицата побегнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ