Свет
1. August 2019 - 19:28

Брутално убиство среде улица: Сириец со мачета го искасапи цимерот во Штутгарт пред очите на шокираните граѓани

Во Штутгарт се случи ужасно убиство среде улица, пред очите на шокираните граѓани.

Полицијата уапси Сириец (28) кој со мачета до смрт избодел 36 -годишен маж.

 

Како што неофицијално се дознава овие двајца мажи долго се познавале, а од неодамна биле и цимери во заеднички стан.

Жртвата е Германец со казахстанско потекло, а мотивот за убиството засега не е познат. По ова ужасно злосторство, Сириецот побегнал од местото на злосторството на велосипед.

По опсежната истрага во која беа вклучени и хеликоптери, убиецот е уапсен околу 21 часот. Сириецот и е познат на полициајта од поранао по кражби и разбојништва. Во Германија стигнал 2015 година и имал валидна дозвола за престој.