Бруто надворешниот долг на крајот на третиот квартал од 2023 година изнесувал 11.072 милионa евра

На крајот на третиот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.072 милионa евра (или 78,3% од проектираниот БДП за 2023 година) и бележи квартално намалување од 323 милиони евра, додека бруто надворешните побарувања се намалија за 155 милиони евра и изнесуваат 6.918 милиони евра (или 48,9% од проектираниот БДП), објави Народната банка.
Поголемото квартално намалување на обврските во однос на побарувањата доведе до намалување на нето надворешниот долг за 168 милиони евра, со што на крајот на септември 2023 година тој изнесува 4.154 милиони евра (или 29,4% од проектираниот БДП). Притоа, намалувањето на нето надворешниот долг во третиот квартал произлегува од намалувањето на приватниот нето-долг за 128 милиони евра и на јавниот нето-долг за 40 милиони евра.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
