Брзи избори за излез од кризата истакнато од ВМРО-ДПМНЕ на средбата на Груевски со Заниер
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска заедно со партиска делегација составена од Никола Попоски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски, Илија Димовски и Александар Николоски оствари средба со делегација на ОБСЕ предводена од Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер.
Во партиското соопштение наведуваат дека на средбата Генералниот секретар на ОБСЕ ги повторил јавно изнесените ставови за актуелните теми и области.
- Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од Тиранската платформа која се создаде под покровителство на соседна држава и преставува обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор, како и дека таквата платформа не беше гласана и не доби доверба од граѓаните на последните избори, наведуваат во соопштението.
Додаваат дека на средбата е истакнато од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека е нарушен принципот на коалицирање на победник со победник, кој што беше силно застапуван од ДУИ, но и од претставниците на меѓународната заедница, и пријателските држави. - Нарушувањето на овој принцип значи исклучување на мнозинството Македонци од процесот на одлучување, што преставува изигрување на нивната волја изразена на последните избори, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата е истакнато дека единствениот излез од кризата се брзи предвремени парламентарни избори, кои би можело да се одржат заедно со локалните избори на кој граѓаните би гласале за програми кои би биле понудени и однапред познати.
Посочено било дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за мултиетничка и граѓанска држава, во која подеднакво ќе се почитуваат правата на сите заедници, наместо бинационална каква што се фаворизира со тиранската платформа и партиите кои ја одобрија и прифатија, при што е изнесена опасноста дека тоа би довело кон федерализација на државата и понатамошни тензии.
Во однос на темата граѓанско општество и организациите кои дејствуваат во државата од ВМРО-ДПМНЕ било посочено дека најголемиот дел од граѓанските организации се финансирани од еден ист извор Џорџ Сорос, а тие средства во Македонија се употребуваат најчесто за исти политички цели кои се во правец на една иста политичка идеологија, на тој начин оневозможувајќи плурализам во граѓанскиот сектор. - Десороризацијата, наведуваат, за која се залага ВМРО-ДПМНЕ пред се значи повеќе средства од владата за невладините организации со цел тие да не бидат зависни од еден ист извор, со цел воведување на плурализам во нивното дејствување.
Ново на Сител
-
Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
-
Две лица повредени откако тинејџерка со автомобил излетала од патот
-
61-годишник со „мерцедес“ излетал кај Миладиновци, четири лица повредени
-
Наставник нападнал ученик во Охрид
-
Стоилковиќ: Празнувајќи го Меѓународниот ден на ромскиот јазик даваме придонес во чувањето и негувањето на културните особености на ромската заедница
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек