„Брзината не убива“ е нова поетска книга од Владимир Илиевски
„Македоника литера“ ја објави поетската книга „Брзината не убива“ - седма стихозбирка на Владимир Илиевски која содржи шеесетина песни поделени во пет концепциски циклуси.
- Поетската книга „Брзината не убива“ на Владимир Илиевски е показател за еден вреден творечки континуитет со потврдени поетски вредности. Овие песни недвосмислено покажуваат дека Илиевски суверено владее во омеѓениот простор на својата поетика. Книгата „Брзината не убива“ ја потврдува високата позиција на Владимир Илиевски на современото македонско поетско творештво, информира издавачот.
Владимир Илиевски (Скопје, 1970) дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје на групата Општа и компаративна книжевност. Магистрирал на истиот факултет.
Ги објавил книгите: Гледач на линија (поезија, 1997), Избор и случајности (поезија, 2000), Мојата лична амортизација (поезија, 2002), Цитатноста во лириката (книжевно-научна студија, 2007), Нема исти утра (поезија, 2008), Ноќна еротска програма (поезија, 2011), Лични податоци (поезија, 2014).
Застапен е во неколку антологии на современата македонска поезија. Негова поезија е преведена на бугарски, хрватски, српски, руски, англиски, италијански и литвански јазик. Во 2008 година ја доби првата награда за поезија на книжевното списание „Улазница“ од Зрењанин, Србија.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти