Бучковски: Петков се најде во стапица на бугарските националисти во Битола
Поранешниот специјален претставник за односите со Бугарија, Владо Бучковски, во емисијата „Утрински брифинг“ претпладнево рече дека бугарскиот премиер Кирил Петков се нашол во „стапица на бугарските националисти“ при отворањето на клубот „Иван Михајлов“ во Битола.
– Тој според мене се најде во една стапица. Несакајќи да остави, условно речено, националистите да ја водат приказната околу евентуалниот компромис со Македонија, беше изложен на еден притисок и од нашата домашна јавност кај која загуби дел од симпатиите затоа што сите ние верувавме дека неговиот пристап е вистинскиот начин како ние да дојдеме до одржливо решение, вели поранешниот премиер и олеснувач во македонско-бугарскиот спор.
Бучковски смета дека во овој момент и самото бугарско општество не е созреано да прифати одблокирање на евроинтегративниот пат на Македонија и со тоа се врши притисок на прогресивните сили во Бугарија.
– Сега е вистински проблем да изградиме систем, кој засега не функционира, на взаемно уважување, барајќи во такви околности некои точки кои може да не поврзат.- каде би бил тој заеднички содржател, кој во овој момент ние не го гледаме, наведе тој.
Ново на Сител
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка
-
ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб, потврди Мицкоски
-
Поднесена жалба до Врховен на одлука за повторување на постапка за сообраќајка во која загина 16-годишник