Буџетот за ретките болести е дуплиран, во 2020 предвидено е да изнесува 527 милиони денари, во 2017 изнесувал 213 милиони денари
Министерството за здравство води вистинска грижа за пациентите со ретки болести.
Покрај воведувањето на новите лекови и овозможувањето на потребната терапија за пациентите, воспоставувањето на електронски регистар за оваа група на пациенти, исто така во континуитет се зголемува и буџетот за ретките болести.
Во 2020 година, предлог-буџетот за ретките болести е дуплиран и предвидено е да изнесува 527 милиони денари. Додека пак, во 2017 година, тој изнесувал 213 милиони денари.
Изготвена е Национална стратегија за ретки болести на Република Македонија 2020-2030. Десет годишната стратегија ќе биде дадена на усвојување од страна на Владата, со што овој стратешки документ станува документ за планирање и имплементација на системски решенија за пациентите со ретки болести.
Одделение за односи со јавноста, Министерство за здравство
Ново на Сител
-
Извештај на ЕК: Политизацијата во јавниот сектор дополнително ја поткопува довербата во работата на администрацијата
-
Три лица претепани вчеравечер пред ноќен клуб во Скопје
-
Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад
-
29-годишната Емилија вчеравечер убиена од нејзиниот сопруг кој штотуку излегол од затвор
-
Трамп ја проширува предизборната битка и ќе се обиде да ги освои демократските бастиони
-
Митровденска задушница - спомен за починатите
-
Во Берово утрово минус три, во Крушево, Виница, Гевгелија измерени шест степени Целзиусови
-
Нормализиран сообраќајот на патот Тетово - Гостивар