Бугарија доби 368 милиони евра од ЕУ за нова метро-линија во Софија
Европската комсија денеска и одобри на Бугарија проект од 368 милиони евра за изградба на нова линија на подземната железница во Софија, јави дописникот на МИА од Брисел.
Овие средства доаѓаат од Европскиот фонд за регионален развој при што во првата фаза се предвидува финансирање на околу осум километри на новата метро-линија број „3“.
Според планот, во првата фаза е исто така планирана изградба на осум метро-постројки и купување на 20 вагони, како и проширување на мрежата на подземната железница со цел овозможување на подобро поврзување на населбите во главниот бугарски град со центарот на Софија.
Инаку, Софија ја доби својата прва линија на подземната железница во јануари 1998 година. Во моментов има две метро-линии во главиот град на Бугарија во должина од околу 39 километри и постојат 34 постројки.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва