Бугарија го прифати францускиот предлог со модификации
Бугарскиот парламент и наложува на Владата да го одобри предлогот на француското претседателство за укинување на ветото за почеток на преговорите за членство за Македонија. Ова е заклучкот кој попладнево го донесе Комсијата за надворешни работи на Бугарија, со тоа што се бара документот експлицитно да се прецизира и подобри во обрана на бугарскиот национален интерес.
Се работи за прифаќање на предолгот на пратениците од „Демократска Бугарија“ и отфрлање на другите два предлози кои стигнаа од ДПС и ГЕРБ, што подразбира модифицирање на т.н. француски предлог со 4 измени.
Прво, двата документи да се прецизираат така што ќе гарантираат вметнување на Бугарите во Уставот на Македонија таму, каде што се споменати другите народи и на рамноправна основа со тие народи.
Ова според првичните толкувања значи вметнување на Бугарите во делот на Преамбулата на Уставот.
Второ, во двата документи да се наведе јасно дека ништо во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ не може да се толкува како признавање на Бугарија за постоење на македонски јазик.
Трето, да се дадат гаранции дека добрососедските односи остануваат хоризонатален критериум до крајот на преговорите на Скопје за членство и Европската комисија за цело време го информира Европскиот совет за имплементацијата,
и
Четврто, периодичниот преглед на исполнувањето на Договорот за добрососедство треба да биде јавно објаавен и во преговарачкиот процес.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
