Бугарија го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Парламентот на Република Бугарија денеска го ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. За ратификацијата гласаа 140 пратеници, а против и воздражни немаше.
На пленарната седница на која присуствуиваше и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, се обрати вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатераина Захариева која рече дека моментот на присоединување на Северна Македонија кон НАТО е историски за Алијансата.
-Бугарија е постојан поддржувач за влезот на Северна Македонија во НАТО. Бугарија го прифати ангажманот да работи на забрзување на процесот за евроатлантска интеграција на земјата, како и за внатрешни реформи, и за стабилизирање на регионот, рече Захариева.
Таа посочи дека политиката на проширување на НАТО се смета за еден од најуспешните инструменти за просперитет.
-Водени од тоа убедување неколку бугарски влади донесоа одлуки за склучување меморандуми со тогашната Република Македонија. Патот за просоединување кон НАТО не беше лесен за нашите соседи. Заедничките вежби на нашите армии ќе придонесат за развој на нашите способности, посочи Захариева.
На седницата не присуствуваа пратениците на опозициксата Бугарска социјалистичка партија. Тие веќе неколку дена го бојкотираат Парламентот поради измените на Изборниот законик.
Инаку, Џафери кој престојува во официјална посета на Бугарија пред пленарната седница одржа средба со неговата бугарска колешка Цвета Карајанчева, која истакнала дека Бугарија ќе продолжи со поддршката за напорите на Северна Македонија за европските и евроатлантските инетеграции.
-Ви честитам за успеешното завршување на ратификацијата на Договорот од Преспа и за потпишувањето на Протоколот за пристапување кон НАТО, рече Карајанчева.
Џафери од своја страна изразил благодарност за напорите и поддршката која Софија ни ја укажа за европските и евроатланстите интеграции.
– Дијалогот и соработката можат да не водат напред, рекол Џафери.
Предвидено е Џафери да има средба и со вицепремиерката и министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.
Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија и Албанија.
Ново на Сител
-

Обвинителството тврди дека има пропусти и имотна корист, одбраната негира вина на тројцата полицајци од Кочани, пресудата закажана за 5 мај
-

Сирски нареди задолжителна ротација на украинските војници на првата линија на одбраната
-

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Македонија
-

Во средно училиште во Тетово нападнати две лица со остар предмет од 15-годишник
-

ЗМАИ: Напредокот во неонаталната грижа покажува дека системски промени се можни и во македонското здравство
-

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ
-

19-годишник загина во сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл и автобус во Прилеп
-

РКЕ со препорака до компаниите да продолжат со греење поради ниските температури во следните два дена
