Бугарија и Турција ќе ја зајакнуваат енергетската соработка

Премиерите на Турција и Бугарија, Бинали Јилдирим и Бојко Борисов денеска во Истанбул оценија дека развојот на инфраструктурата за дистрибуција на гас, која би опфатила повеќе земји од Балканот и Европа, ќе придонесе за поголема енергетска сигурност на европскиот континент.
Како што јави БТА, на средбата одржана на маргините на 22-от Светски нафтен конгрес во Истанбул, Јилдирим и Борисов оценија дека Бугарија и Турција со нивната географска положба имаат клучно значење во транзитот на енергетски ресурси кон Европа.
Борисов нагласи дека од тој аспек од клучно значење би било поврзувањето на системите за дистирбуција на гас на Бугарија и Турција и ја истакна поддршката на Софија за изградбата на „Јужниот гасен коридор“ преку турска територија.
- Турција е една од земјите со клучна улога во изградбата на овој коридор. Ние ја изразуваме нашата поддршка и многу активно ќе работиме на негова реализација, изјави Борисов.
На средбата Јилдирим-Борисов присуствуваше и турскиот министер за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак.
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
