Македонија
20. September 2016 - 11:33

Бугарија ќе додели 150.000 евра за справување со поплавите во скопско

Финансиска помош од вкупно 300.000 лева (150.000 евра) ќе додели Владата на Бугарија за Македонија како дополнување на техничката и хуманитарната помош, која Софија ја донира  за справување со последиците од поплавите од 6 и 7 август во скопскиот и тетовскиот регион, пренесе бугарската национална новинска агенција БТА.

Како што соопшти прес-службата на бугарската Влада, средствата ќе бидат уплатени во два еднакви износа на сметката на Црвениот крст на Македонија за надминување на последиците од поплавата и на сметката на Министерството за финансии за справување со материјланите штети.