Балкан
8. September 2021 - 17:42

Бугарија ќе и донира на Македонија 50.000 дози вакцини кои имаат рок до 30 септември

Народното собрание на Бугарија со 146 гласови „за“ го ратификуваше договорот за донирање 51.480 дози на вакцина „Фајзер“ на Македонија со рок на траење до 30 септември 2021 година и вредат 800.000 евра.

Министерот за здравство Стојчо Кацаров посочи дека „Фајзер“ не дозволува продавање или донирање вакцини без ратификација од Народното собрание и апелираше до пратениците побргу да го сторат тоа за да не пропадне донацијата.