Бугарија: Секое трето дете вели: Читањето е губење време!

Околу една третина од децата го сметаат читањето за губење време, покажува истражување на меѓународниот Центар за контрола и оценка на квалитетот на образованието (ПИСА).
- Дури 40 отсто од учениците рекле дека не можат да дочитаат една книга до крај, зашто им здодева уште во втората или третата минута. Учениците, коишто читаат од задоволство, имаат повисоки оценки на училиште, посочува Милена Дамјанова, претседател на бугарската парламентарна Комисија за образование и наука за бугарскиот портал „Монитор".
Податоците на ПИСА велат дека последниве години тоа е тренд коишто го опфаќа целиот свет: учениците се повеќе се оддалечуваа од книгата.
Така на пример, во државите од Организацијата за економска соработка и развој, приближно 37 отсто од децата не го сметаат читањето за задоволство.
Ново на Сител
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
-

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево
-

Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици
-

30 дена притвор за владин возач кој барал 1.500 евра за вработување пожарникар
-

Автобус со студенти падна во провалија на Зеленортските Острови, најмалку 21 загинат
-

УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот
