Бугарин и струмичанец заедно криумчареле мигранти
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар Југ поднесе кривична пријава против Ј.Д.Ф.(35) од Р.Бугарија и И.А.(22) од с.Банско-струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“ по чл.418-б ст.2 од Кривичниот законик.
Имено, пријавените на вчера во 04,30 часот во близина на с.Богородица во возило “Опел вектра“ со бугарски национални ознаки превезувале четири лица Х.И.(39), Б.А.(41), Ј.У.(32) и К.С.(20) мигранти од Турција, кои биле со илегален влез и престој во Република Македонија.
Пријавените движејќи се по локалниот пат во правец с.Богородица-Скопје со возилото запреле на паркинг во кругот на хотел во Гевгелија и кога забележале полициска патрола, И.А. се дал во бегство, додека Ј.Д.Ф. бил лишен од слобода.
Од извршената контрола во возилото било утврдено дека во него се превезувале мигранти.
Пријавениот бил задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, а мигрантите се спроведени до Прифатниот центар за странци-Гази Баба. Се превземаат мерки за пронаоѓање на И.А..
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно