Македонија
24. March 2016 - 8:30

Бугарската компанија „Минстрој“ нов концесионер на „Тораница“ и „Злетово“

Новиот концесионер за експлоатација на олово-цинкова руда во рудниците „Тораница“ и „Злетово“ - бугарската компанија „Минстрој“ денеска ќе биде претставена во Министерството за економија од заменик министерот Христијан Делев. 

На преставувањето ќе присуствуваат и раководството на бугарската компанија „Минстрој“, градоначалниците на општините Пробиштип и Крива Паланка Тоневски и Алексовски и преставници од рударите и синдикатот.