Бугарската опозиција бара предвремени парламентарни избори
Најголемата опозициска партија во Бугарија, Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска повика на распуштање на Парламентот и распишување предвремени парламентарни избори во земјата.
-Овој Парламент е истрошен. Владата е истрошена… Затоа, најдобро е да одиме на избори и да го распуштиме овој Парламент, изјави заменик-претседателот на Пратеничката група на БСП во бугарското Народно собрание, Драгомир Стојнев на денешната собраниска седница.
Како што јави БГНЕС; ваквото барање на социјалистите уследи, откако партијата изрази незадоволство од кусиот дневен ред на собраниската седница, кој вклучува само три точки.
-БСП бара дебата. БСП ја бара вистината, а од (владејачката) ГЕРБ молчат. Вакво нешто се случува втора недела по ред. Мислам дека е исклучително срамно да се предлага ваков дневен ред во услови кога опозицијата достави предлог-закони, кои дури не се разгледани во комисиите, нагласи Стојнев. (МИА)
Ново на Сител
-
Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот
-
Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто
-
„Трипедвајзор“: Најдобрите европски плажи за 2025 година
-
Маск: Зеленски „се храни од мртвите тела на војниците“
-
Чешката скијачка Нова веќе не е во кома
-
Хамилтон: И да освојам титула нема да застанам тука