Балкан
14. November 2016 - 10:46

Бугарската Влада поднесе оставка

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска до Народното собрание на Бугарија поднесе оставка на наговата Влада, соопшти Прес-службата на буграскиот владин Кабинет.

Како што јави БТА, во писмото со оставката Борисов напоменува дека Владата ќе продолжи да ги извршува своите функции се до изборот на нов Министрески совет и дека ќе обебзеди „континуитет во управувањето со земјата“. 

Оставката на својата Влада Борисов ја најави уште синоќа по победата на независниот кандидат за претседател на Бугарија, поддржан од Бугарската социјалистичка партија (БСП), Румен Радев претседателски избори.

Борисов изјави дека во Бугарија „има нова политичка ситуација“ и дека е очигледно оти се создало ново мнозинство, кое ќе треба да формира нова влада.

Борисов се заложи и за свикување на Големо народно собрание, специјализирана законодавна институција во Бугарија, која има проширен состав во споредба со редовното Народно собрание и има ексклузивни права да решава за одреден круг прашања, вклучително и за промена на Уставот.

Тој оцени дека станало „јасно оти нешто не е во ред со актуелната политичка класа и со актуелниот начин на управување“.

- Многу луѓе се чувствуваат незадоволни... и јасно е дека над 3,5 милиони Бугари сакаат промени, изјави Борисов, заложувајќи се меѓу другото и за намалување на бројот на пратениците во бугарскиот Парламент.