Бугарски бизнисмен испрати пакети со прехранбени продукти за подобро здравје на Пендиков | ФОТО
„За добро здравје на Христијан Пендиков“. Оваа порака е испишана на неколку големи картонски кутии во коишто се наоѓа храна наменета за истепаниот охриѓанец.
Пакетите ги испраќа Фондација Бугарска меморија, а тие денеска пристигнале во просториите на бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид.
Кутиите, односно храната, е подарок од бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, кој е финансиер на бугарските клубови во Битола и во Охрид.
„Голема благодарност за докторот Милен Врабевски и Фондацијата Бугарска меморија, кои константно помагаат за вистината и за братскиот народ во Македонија. Бог да му дава здравје на Христијан Пендиков и побргу да оздрави“, порачаа од клубот во Охрид, и објавија фотографии од подароците кои Врабевски му ги испратил на Пендиков.
Од тоа што може да се види од објавените фотографии, Врабевски го почестил Христијан со млеко, леќа, портокали, зејтин, оцет, кафе, конзерва со сардини, шеќер, макарони…
Ново на Сител
-
Сообраќајот умерен, застои нема
-
Сончево и топло, до 27 степени
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково