Бугарскиот амбасадор во земјава Ангелов се враќа на своите дипломатски должности во Скопје
Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Северна Македонија во полн капацитет, откако минатата среда беше повлечен во Софија, потврдија од Министерството за надворешни работи за МИА.
По седницата на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент на 25 јануари, техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, најави дека нивниот амбасадор, Ангел Ангелов ќе биде повлечен од Скопје и ќе остане во Софија се додека, како што рече, не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во нашата држава.
Од бугарското МНР тогаш информираа дека „целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи“.
Од македонското МНР еден ден подоцна излегоа со реакција дека со внимание ги следат изјавите и активностите кои доаѓаат од Република Бугарија и со жалење констатираа дека последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи и напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји.
Инаку, откако премиерот Димитар Ковачевски во петокот со својот бугарски колега Галаб Донев во телефонски разговор се заложија за мирно и безбедно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, денеска во посета на земјава беше бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев кој со својот македоснки колега Оливер Спасовски по нивната заедничка средба, порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев што треба да се одржи в сабота, и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки.
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
