Бугарскиот министер за здравје: Лекарите се уморни, истоштени, а дел од нив и заразени

Министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов, денеска предупреди дека најголемиот проблем на здравствениот систем е фактот дека здравствените работници од првата линија на фронтот против Ковид-19 се уморни и исцрпени, многумина заразени, односно во карантин, а некои и на интензивна нега. Во моментов се заразени 1.727 медицински работници, јави БТА.
Ангелов во Парламентот рече дека Бугарија влегува во многу сериозна фаза на епидемијата и дека на болниците ќе им треба поддршка од општите лекари и студентите од последната година по медицина.
Тој, исто така, рече дека за време на неговата посета на здравствени установи низ државата, увидел дека има драматичен недостиг од специјалисти во оддалечени места во внатрешноста.
Денеска стапи нвосила новата одлука на Министерството за здравство за задолжително носење маски и на отворено кога не е можно да се почитува препораката за одржување физичко растојание.
Рестораните и ноќните клубови во Бугарија ќе треба да воведат нови мерки, кои вклучуваат по едно лице на два квадратни метри, речеАнгелов. Според него, целта на новата мерка е да се зголеми растојанието помеѓу луѓето со цел да се спречи ширењето на вирусот. Досега, мерката беше едно лице на метар квадратен.
Ангелов рече и дека полицијата и регионалните здравствени инспектори ќе извршат проверки и ќе изрекуваат казни за непочитување на мерката.
Во последните 24 часа, во Бугарија повторно е регистриран рекорден број од 1.472, нови случаи на коронавирус.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
