Бугарскиот парламент ја избра владата на премиерот Кирил Петков
Со 134 гласа „за“ денеска 47. Народно собрание на Бугарија ја избра владата на премиерот Кирил Петков.
Пратениците од ГЕРБ-СДС, Движењето за права и слободи и „Преродба“ гласаа „против“ новата бугарска Влада.
Народното собрание на Бугарија во три последователни гласања го одобри Кирил Петков за премиер, ја усвои структурата и составот на Советот на министри. Во сите три гласања „за“ гласаа 134 од вкупно 238 пратеници.
Дебатата траеше три часа.
Премиерот Кирил Петков и новите министри положија заклетва, по што се слушаа химните на Бугарија и ЕУ.
По изборот на владата во Народното собрание на Бугарија, новоизбраниот премиер Кирил Петков заедно со министрите ќе оди во Советот на министри, каде техничката влада предводена од премиерот Стефан Јанев ќе им ја предаде власта.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување