Бугарскиот Парламент ќе избира нова влада

Бугарското Народно собрание денеска ќе гласа за избор на новата Влада на Бугарија, предводена од мандатарот и лидер на конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов.
Како што јави БТА, пред гласањето на пратениците, Борисов претпладнево на претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе му го достави својот предлог за состав на неговиот нов кабинет.
Прес-службата на Кабинетот на шефот на бугарската држава вчера соопшти дека по добивањето на предлогот од Борисов, Радев ќе ги исполни своите уставни обврски и на Народното собрание веднаш ќе му предложи да ја избере предложената влада.
Во соопштението се додава и дека Радев ќе присуствува на собраниската седница на која ќе бидат избрани премиерот и членовите на неговата влада.
Веднаш по изборот, членовите на новата, трета влада на Борисов ќе положат свечена заклетва пред пратениците.
ГЕРБ на Борисов постигна договор за формирање владина колаиција со националистичкиот блок Обединети патриоти (ОП).
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
