Бугарските пратеници и министри се откажаа од платите за време на вонредната состјоба
Дебатата за висината на пратеничките плати за време на вонредната состојба во Бугарија, на денешната парламентарна расправа доби целосен пресврт, откако пратениците на владеачката партија ГЕРБ изненадувачки се откажаа од претходната идеја нивните плати да бидат „замрзнати“ и поднесоа предлог целосно да се откажат од нив до крајот на вонредната состојба, пренесе БГНЕС.
На овој начин на народните претставници и натаму ќе им се плаќа осигурувањето, но додека не се укине вонредната состојба во земјата, прогласена на 13 март, целата нивна плата ќе биде префрлана на сметката на Министерството за здравство, за државата да ги користи во борбата против ширењето на Ковид-19.
Освен за пратениците, оваа најнова мерка ќе важи и за министрите и нивните политички кабинети, како и за претседателите на државните и извршните агенции.
Идејата пратениците да го подаруваат своите плати наиде на широко одобрување меѓу останатите политички партии во земјата.
-Горд сум на оваа одлука, искоментира лидерот на „Волја“ Веселин Марешки, кој претходно денеска инсистираше пратеничката плата да се изедначи со минималната плата во земјата, што во моментов изнесува 610 лева.
Борис Јачев од „Обединети патриоти“, исто така, изрази задоволство од одлуката на коалициските партнери.
-Задовелен сум и горд што сум дел од овој парламент, рече тој од говорницата.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот