Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување
Роднините на настраданите во трагичниот настан во Кочани, кои се пренесени на лекување во Бугарија, информации за установата за лекување во која престојуваат нивните најблиски можат да добиваат 24/7 од дежурно лице во Министерството за здравство на Република Бугарија на телефонскиот број 02/ 8050 300.
Со воен авион „Спарта“ во Бугарија се пренесени осум лица кои настрадаа во пожарот во Кочани, Република Северна Македонија. Петмина од нив, како што објавија од бугарското Министерство за здравство, се сместени во УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“, од кои тројца се во тешка состојба, на апарати за дишење.
Како што објави бугарското МЗ, уште тројца со тешки изгореници, ќе бидат лекувани во болницата Варна во Военномедицинска академија.
Како што се најавува, се очекува да бидат пренесени уште шест лица во Бугарија.
Тројца од нив ќе се лекуваат во УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“, а тројца во УМБАЛ Свети Георги - Пловдив.
Ново на Сител
-
Демолирани локалите на газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Собранието отвора Книга на жалост за настраданите во несреќата во Кочани
-
Протест во Кочани
-
Мицкоски: Во 2024. издадени само 12 лиценци за кабареа
-
Увидните дејствија за несреќата во Кочани сѐ уште траат, велат од ЈО
-
Заеднички час на платото на УКИМ, студенти и професори оддадоа почит на жртвите
-
Министерот за здравство Таравари ќе ги посети пациентите во Солун и Софија
-
Пленковиќ: Четворица повредени од Северна Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска