Буквално ја затворил кладилницата - Со 30 динари фатил 60.000 евра
Вчера во Лигата на шампионите, се одиграа натпреварите од третото коло во Е-Х половината, а резултатите на седум од осумте мечеви на обложувач од Панчево, Србија му овозможиле добивка од 60.000 евра.
Жител на српскиот град Панчево, во вторникот, одиграл седум од осумте натпревари во ЛШ, по принцип полувреме-крај, уплатил 30 динари (околу 40 евро центи), ги погодил сите седум мечеви и заработил 60.000 евра.
Човекот кој составил еден од најдобрите тикети, не го одиграл единствено мечот во Лисабон, помеѓу Спортинг и Борусија Дортмунд.
Обложувачот мечот Бриж-Порто го играл од 1 во 2, а Португалците до триумфот стигаа со пресверт и гол од пенал во 93.минута.
Панчевецот Реал го играл 6+, типувал дека нема да има победник на мечот во Леверкузен, односно дека ЦСКА ќе има предност на полувреме против Монако, но дека мечот ќе заврши без победник.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест