Фудбал
26. August 2016 - 8:31

Бундес лига: Баерн „тргнува“ со Анчелоти

Со натпреварот меѓу шампионот Баерн и Вердер од Бремен ќе биде означен почетокот на новиот шампионат во Бундес лигата. Ова воедно ќе биде и првиот натпревар на Баерн под водство на новиот тренер Карло Анчелоти. Почетокот на дуелот е во 20:30 часот.
Во сабота се играат шест натпревари од 1.коло, а двојките се: Келн – Дармштат, Аугсбург – Волфсбург, Борусија Дортмунд – Мајнц, Ајнтрахт – Шалке, Хамбургер – Инглоштат и Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен.
Во недела се играат два натпревара: Херта – Фрајбург и Хофенхајм – Лајпциг.