-->
-->
Бундес лига: Борусија М. спречи шампионска прослава на „Алијанц арена“
-->

Екипата на Борусија Менхенгладбах попладнево одигра нерешено 1:1 кај шампионот Баерн на „Алијанц Арена“ во Минхен и со тоа ја одложи шампионската промоција на „баварците“ до следното коло. Баерн со освоениот бод има пет повеќе од Борусија Дортмунд, која денеска убедливо го совлада Волфсбург со 5:1.
Резултати на денеска одиграните дуели: Баерн – Борусија Менхенгладбах 1:1, Дармштат – Ајнтрахт 1:2, Борусија Дортмунд – Волфсбург 5:1, Хановер – Шалке 1:3, Хофенхајм – Инглоштат 2:1, Мајнц – Хамбургер 0:0. Во терминот од 18:30 часот играат Баер Леверкузен – Херта.
Колото ќе биде комплетирано во вторник со дуелот меѓу Вердер и Штутгарт.
На вчера одиграниот натпревар Аугсбург – Келн 0:0.
Табела: Баерн 82 бод, Борусија Дортмунд 77, Баер Леверкузен 54, Херта 49, Борусија Менхенгладбах 49, Шалке 48, Мајнц 45,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Го киднапирале, со пиштол му се заканувале да признае наводно силување, ОЈО бара притвор за двајцата грабнувачи
-

Последни подготовки за вежбата „Блесок 26“ – ќе успеат ли припадниците на Армијата да го положат овој важен тест?
-

Борба против корупцијата и меѓу своите редови, најави директорот на Царина
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Падна Орбан, следен е Вучиќ па Мицкоски
-

Развојот на технологијата во голема мера ги заменува книгите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
