Фудбал
29. August 2015 - 8:09

Бундес лига: Победа за Волфсбург над Шалке

Екипата на Волфсбург ја постигна и втората победа во шампионатот од Бундес лигата откако во првиот натпревар од 3.коло пред своите навивачи синоќа го победи Шалке со 3:0.

Головите за домашната екипа ги постигнаа: Дост 17 минута, Родригез 59 минута - пенал и Клосе 61 минута. Со седум бодови Волфсбург изби на чело на табелата, додека за Шалке ова е првиот пораз.
Од 3.коло денеска се играат дуелите:
Аугсбург - Инглоштат, 
Дармштат - Хофенхајм,
Келн - Хамбургер, 
Мајнц - Хановер,
Штутгарт - Ајнтрахт (15:30 часот).
Баерн - Баер (18:30 часот).
Утре се играат натпреварите: 
Борусија Дортмунд - Херта и 
Вердер - Борусија Менхенгладбах.