-->
-->
Бундес лига: Само бод за Борусија Д. на домашен терен
-->

Иако важеше за голем фаворит на натпреварот со Аугсбург, екипата на Борусија Дортмунд освои само еден бод и полека го губи чекорот со водечките екипи во Бундеслигата.
Три бода на свој терен освоија Хамбургер и Ајнтрахт, додека триумф на гостински терен забележа единствено Волфсбург.
Резултати на четирите средби од 16.коло во Фудбалско првенство на Германија одиграни синоќа:
Борусија Дортмунд – Аугсбург 1:1,
Борусија Менхенгладбах – Волфсбург 1:2,
Хамбургер – Шалке 2:1 и
Ајнтрахт – Мајнц 3:0.
Дербито се игра вечерва во Минхен, каде шампионот Баерн ќе го пречека најпријатното изненадување оваа сезона, екипата на Лајпциг. Двете екипи се израмнети на врвот на табелата со по 36 освоени бодови.
Двојки за вечер:
Баерн Минхен – Лајпциг,
Херта – Дармштат,
Келн – Баер Леверкузен,
Инголштат – Фрајбург и
Хофенхајм – Вердер.
Табела: Баерн Минхен 36 бодови, Лајпциг 36, Ајнтрахт Франкфурт 29, Борусија Дортмунд 27, Хофенхајм 27, Херта 27,...
Сите натпревари ќе се играат во терминот од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
