Фудбал
6. February 2016 - 18:24

Бундес лига: Шалке подобар од Волфсбург

Фудбалерите на Шалке ја постигнаа најубедливата победа попладнево на дуелите од 20.коло од Бундес лигата. На домашен терен Шалке го победи Волфсбург со 3:0. Стрелци на головите беа: Клас Јан Хунтелар (24.минута), Јоханес Геис (35) и Алесандро Шоф (87). Со новите три бодови Шалке со вкупно 33 се проби на 4.место на табелата.
На досега одиграните натпревари од оваа рунда постигнати се следниве резултати: Шалке – Волфсбург 3:0, Ајнтрахт – Штутгарт 2:4, Хановер – Мајнц 0:1, Херта – Борусија Дортмунд 0:0, Инглоштат – Аугсбург 2:1 и Борусија Менхенгладбах – Вердер 5:1 (одиграно синоќа).
Од 18:30 часот играат: Баер Леверкузен – Баерн.
Утре на програмата се дуелите: Хамбургер – Келн и Хофенхајм – Дармштат.
Табела: Баерн 5 бода, Борусија Дортмунд 45, Херта 35, Шалке 33, Борусија М. 32, Баер Л. 31, Мајнц 30,...