Фудбал
3. May 2016 - 8:24

Бундес лига: Вердер убедлив во дуелот со Штутгарт

На последниот натпревар од 32.коло од Бундес лигата одигран синоќа Вердер пред своите навивачи убедливо со 6:2 го совлада Штутгарт и го мина на табелата. Со овој пораз Штутгарт остана на претпоследното место и во последните две кола му претстои голема борба за опстанок во Бундес лигата.

И Вердер се наоѓа во опасната зона бидејќи е на 15.то место на табелата.
Во долниот дел на табелата во борбата за опстанок ќе се борат: Хамбургер 38 бодови, Аугсбург 37, Хофенхајм 37, Дармштат 35, Вердер 34, Ајнтрахт 33 и Штутгарт 33.
Последен е Хановер без шанси за опстанок со 22 бода.