Бундестагот ќе донесе резолуција за поддршка на Македонија
Германскиот Биндестаг денска ќе расправа и ќе гласа за резолуција за поддршка на зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, на македонски јазик и македонскиот идентитет.
Резолуцијата насловена „Активно поддржете ја Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија“, е предложена од владејачката парламентарна група на СПД, Зелените и ФДП.
Во германскиот Парламент ќе се дебатира и за други документи во чиј фокус е евроинтергацијата и ситуацијата на Западен Балкан.
Германски пратеници ќе побараат од федералната Влада да постигне на ниво на ЕУ согласност дека изгледите за пристапување во ЕУ за Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија се „недвосмислени, веродостојни и поткрепени со опиплив напредок“.

Покрај тоа, се предлага со земјите кандидати да се договорат меѓучекори за поблиски врски со ЕУ на патот кон Унијата, како што е асоцијативното членство во заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика без право на глас и начин за пристапување кон внатрешен пазар на ЕУ во замена за реформи и спроведување на критериумите од Копенхаген, како и напредок во владеењето на правото.
Се бара категорично да биде одбиено секое поместувањата на границите на земјите од Западен Балкан, како и нивно приклучување во НАТО, засилена борба против корупцијата, продолжување на „Берлинскиот процес“ за регионална соработка и реформи во рамките на ЕУ за да се обезбеди нејзиниот иден капацитет за прием на нови членки.

Во документите предложени во Бундестагот се вели и дека Западен Балкан останува „регион на латентна нестабилност“.
- Руската агресивна војна против Украина ја истакна ранливоста на границите во срцето на Европа, како и фактот дека замрзнатите или наводно просторно ограничените конфликти можат брзо да ескалираат и да се шират. Ваквите конфликти ја загрозуваат стабилноста и интересите на ЕУ. И покрај големиот напредок во последните децении, Западен Балкан останува регион на латентна нестабилност, каде организираниот криминал, корупцијата и слабото судство се широко распространети, сметаат германски парламентраци.

Во регионот, како што се нагласува, се уште опстојуваат и етничките и верските прашања.
-Во интерес на ЕУ е шесте држави од Западен Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија - кои сè уште не се членки на ЕУ, но се директно опкружени со земји-членки на ЕУ, да постигнат долгорочна стабилност, владеење на правото, мирно решавање на споровите, цврсти демократски структури и економски просперитет. За да се случи тоа, овие земји мора да се влучат во ЕУ, стои во документот за кој денеска ќе се расправата и ќе се гласа во германскиот Бундестаг.
Ново на Сител
-

Рубио: Иран немал противник како Трамп кој е подготвен да преземе конкретни мерки
-

Сиљановска Давкова: Државата јакнее преку националното помирување, да ги надминеме поделбите и да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес
-

МЗ: Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови случаи на западнонилска треска
-

Тетово го одбележа Илинден: „2 Август не е само датум, туку завет“
-

Николоски од Крушево: Илинденските идеали ги продолжуваме со работа, инвестиции и развој
-

Мицкоски: Поопасно од секоја криза е моментот кога народ ќе престане да верува во себе
-

Андоновски од Смилево: Илинден е меѓник според кој се мери како се однесуваме како народ кога времињата стануваат тешки
-

Мицкоски: Секоја генерација има свој Илинден, нашата со задача да ја зачува државата
