Бурим Идризи е момчето убиено со калашников во Чаир
Момчето убиено на автобуската во Чаир со калашников од Југо во движење е Бурим Идризи , роден 1993 година.
Убиството се случи на улицата Џон Кенеди , на автобуската станица во близина на средното училиште ,, Цветан Димов“ .
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидна екипа на Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот каде вчера околу 18 часот е застрелано едно лице, соопштуваат од обвинителството.
Настан се случил во непосредна близина на местото на живеење на сега починатото лице, на улица Џон Кенеди спроти Средното училиште „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир. Првичните сознанија се дека пукањето следело по вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, по што сторителот посегнал по огнено оружје и го застрелал 24 годишното момче. Од здобиените повреди кај жртвата настапила смрт. Сторителот се дал во бегство.
По наредба на јавен обвинител се подигаат траги од лице место кои ќе бидат предмет на обработка. Издадена е и наредба за обдукција на починатото лице.
Основното јавно обвинителство Скопје работи на утврдување на фактите во кривично правниот настан за што јавноста ќе биде дополнително информирана.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
