Буткајте, ни требаат пари: Протече скандалозен меил од деканот на Медицина

Скандал ја тресе Високата медицинска школа во Ќуприја. Студентите дошле до меил од директорот во кој одпрофесорите се бара да ги зголемат критериумите за полагање на испиите за да не им бидат намалени платите. Мејлот бил испратен кон крајот на октомври минатата година на четири шефа на катедри, а се однесувал на јануарската сесија.

Деканот барал бројот на студенти кои положиле да се намали за 20-30 отсто.
Деканот предупредува во мејлот дека големиот процент положени студенти е скап за Школата и ако продолжи таа пракса, ќе биде принуден да им ги намали пралтите на професорите.
Зборвајќи за лошата еконмока ситуација во коај се наоѓа установата, тој додава насоката дека не се однесува на „студентите кои знаат“, што кај стдентите предизвикува дополнителен револт.
Деканот потврдил за „Блиц“ дека го испратил мејлот,а вели дека се решил на тој чекот откако службата која го следи квалитетот утврдила дека проодноста е многу голема.

– Се подготвуваме за реакредитација, а голема проодноста значи дека има ниски критериуми. Слушам дека за нашата Школа се зборува „Влези – излези и си дипломирал“. Школата е во одлична финансиска состојба, а така им напишав на професорите за да ги раздрмам. Ако продолжат вака, нема да можеме да се реакредитираме. Секако дека студентите кои знаат, ќе положат, така пишува и во меилот.
Деканот вели дека овој меил не „протекол од Викиликс“, туку од професорот по анатомија, кој му се осветува затоа штоп го сменил од функција која ај злоупотребил.
Ново на Сител
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
