Цај Инг-вен нова претседателка на Тајван
Кандидатката на опозициската Демократска прогресивна партија, Џај Инг-вен победи на денешните претседателски избори на Тајван, со што стана првата жена претседател на островот.
Според првичните нецелосни резултати од денешното гласање, Цај освоила околу 60 отсто од гласовите, додека за нејзиниот главен противкандидат, Ерик Чу од владејачката Националистичка партија, гласале околу 30 проценти од избирачите.
Чу го призна поразот на изборите и и честита на Цај.
- Жалам, загубивме. Нашата партија претрпе изборен пораз. Не работиевме доволно добро и не ги исполнивме очекувањата на гласачите, изјави Лу во првата реакција по изборите.
Аналитичарите од Тајпеј посочуваат дека со масовното гласање за Демократската прогресивна партија, жителите на Тајван покажале дека не ја поддржуваат политиката на зближување со Кина, што ја водеше Националистичката партија во изминативе осум години.
Чај (59), која е поранешен унивезитетски професоер, во својата предизборна кампања се залагаше за намалување на економската зависност на Тајван од Кина и вети дека „ќе го слуша гласот на јавноста“ во врска со билатералните односи со Пекинг.
Аналитичарите проценуваат дека промената на досгашната политика на Тајпеј кон Кина, која осторовот го смета за своја одметната провинција, би можела да го налути Пекинг.
Во прилог на ваквото тврдење одат и информациите што денеска ги пласираа западните медиуми од Кина, дека името на Цај било цензурирано на најголемата кинеска социјална мрежа Вејбо,
Медиумите посочуваат дека името на Цај воопшто не се појавува при пребарувањето на оваа кинеска социјална мрежа, туку наместо тоа се појавува информација дека „поради актулените закони, регулативи и политика, не е можно покажување на резултатите на тоа пребарување“.
Во извештаите за изборите на Тајван, кинеските медиуми ја употребуваат терминологијата „избори за управител на регионот тајван“, избегнувајќи го зборот „претседател“.
Ново на Сител
-
Австралија предлага забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години
-
Бајден брза да испрати помош за Украина пред инаугурацијата на Трамп
-
Барселона против Звезда постави рекорд стар 74 години
-
Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5 степени
-
Министерството за енергетика ќе ги додели ваучерите за инвертер клими за граѓаните
-
Шолц по распадот на владината коалиција: Бундестагот на 15 јануари ќе гласа за доверба на владата
-
Илјадници луѓе се евакуирани во јужна Калифорнија поради пожар кој брзо се шири
-
Стартна победа на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026