Цами: Моето разрешување назаконско, верувам во сериозноста на надлежните институции
Еуген Цами, вршител на должноста градоначалник на Дебар на денешната средба со новинарите изјави дека неговото разрешување од страна на Советот на општната е незаконско и најави дека ќе ги искористи сите законски одредби со цел да се потврди тоа.
Тој информираше дека по добиените акти од Советот околу неговото разрешување и изборот на нов в.д. градоначалник, врз основа на правото кое му го дава законот, ќе направи проценка по што во предвидениот рок ќе биде информиран Советот, но и граѓаните.
-Советот треба да ми одговори во рок од 15 дена, по што ќе побарам толкување од страна на Министерството за локална самоуправа, а ќе се обратам и до Уставниот суд, за да се испита уставноста на актите. Имајќи го предвид постоењето на компетентни и релевантни институции убеден сум дека тие сериозно ќе пристапат кон ова прашање, вели Цами.
Во истовреме, тој упати апел до граѓаните до заокружување на оваа проблематика да не дозволат да потпаѓаат под влијание на, како што вели, дневните политики и штетните дезинформации.
-Ве уверувам дека интерсот на Дебар и неговите граѓани ќе бидат пред се. Ви гарантирам дека одлуката која ќе резултира ќе биде во согласност со стандрадите и законските норми и ќе биде независна од интересите на кој било политички субјекти, порача Цами.
Инаку, по куса, но жолчна расправа на спротвставени мислења, со осумте гласови на советниците на ДУИ, СДСМ и ПЕИ, без присуство на советниците од Беса, Алијансата за Албанците и ВМРО ДПМНЕ, на 17-ти месецов Советот на општина Дебар за вршител на должноста градоначалник го избра Хекуран Дука, советник на ДУИ.
По смртта на градоначалникот Ружди Љата, Цами за в.д.градоначалник беше избран на седницата на 10-ти минатиот месец со гласовите на Алијансата за Албанците, Беса, ВМРО ДПМНЕ и ПЕИ.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот
-
Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
-
Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд