Царина: Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато

Ги следиме случувањата и трендовите во светот и поставуваме соодветни профили на ризици. Во изминатите две недели на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје беа откриени три обиди за криумчарење на злато со тежина од 285 грама и со вредност од 23 илјади евра. Ова, соопшти денеска Царинската управа, го истакна директорот на ЦУ Бобан Николовски во гостување на МРТ 1.
Царинска управа, претходно, информираше и за спречен обид за криумчарење злато на Богородица. Златото во сите случаи е запленето, а против осомничените се поднесени кривични пријави.
Директорот во гостувањето потсети и на случајот во кој царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје спречија криумчарење на 1,7 килограми скапоцен златен накит, којшто во тек на кривичната постапка од страна на судски вештак беше проценет на речиси еден милион евра.
МИА
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
