Бизнис
24. јуни 2016 - 17:37

Царината доби акредитиран комуникациско-информатички систем

По успешното завршување на процесот за безбедносна акредитација на комуникациско - информатичкиот систем на Царинската управа за класифицирани информации,  денес Царинската управа на РМ и беше доделен Сертификат за безбедност од страна на претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Како што соопштуваат, со ова Царинската управа се здоби со единствен акредитиран комуникациско-информатички систем кој се користи за создавање и обработка на класифицирани информации.