Царината поднела 12 кривични пријави минатиот месец

Царинската управа на Република Македонија, постапувајќи по констатирани неправилности, минатиот месец до надлежните јавни обвинителства поднела 12 кривични пријави против пет правни и 12 физички лица.
За „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ е поднесена кривична пријава против Џ.А., Г.А. и З.Л., државјани на Албанија, кај кои во одделни случаи е пронајдена марихуана со различна количина, како и против македонскиот државјанин Е.М., исто така поради марихуана.
Царината поднела пријави и за „криумчарење“ против македонските државјани, Н.Ј.Т., која не пријавила за царинење прстен во вредност од 198.630 денари, и против О.Ј., кој во камионот што го возел сакал да превезе непријавена стока во вредност од 1.362.667 денари.
За „недозволено пренесување акцизно добро односно стока или користење акцизна дозвола или одобрение“ Царината поднела кривична пријава против А.Ќ., државјанин на Македонија, за криумчарење 850 штеки цигари од марката „MonteCarlo“ и 400 штеки „Benton“, кој сакал да избегне давачки 872.840 денари.
Пет кривични пријави се поднесени за „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ против една фирма од Тетово и една од Струга, три фирми од Скопје, и против одговорните лице во тие фирми. Кај нив во одделни случаи се откриени 890 парчиња балони од фолија, 160 парчиња детски играчки и 170 заштитни стакла (тач скрин), 84 пара спортски обувки, 1.700 привезоци за клучеви, 598 фудбалски топки и 1.248 детски играчки, сите производи со ознаки на заштитени трговски марки.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
