-->
-->
Царините на Трамп опфаќаат и ненаселени територии
-->
Најновите царини што ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за увозна стока опфаќаат и ненаселени или речиси ненаселени територии, вклучувајќи делови од Австралија и Норвешка.
Според списокот објавен на „X“ на Белата куќа, САД воведоа царина од 10 отсто на стоки од островот Херд и Мекдоналдс – австралиски територии лоцирани поблиску до Антарктикот, кои се целосно ненаселени, јавува Би-Би-Си.
Царини од 10 проценти се воведени и за стоките од Свалбард и Јан Мајен, две оддалечени норвешки територии во близина на Северниот пол, кои заедно имаат околу 2.500 жители.
Не е јасно какви производи извезуваат овие територии во САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ФЗОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура