Царинска управа: Спречен шверц на 516 делови за камиони и едно АТВ возило
Вкупно 516 различни делови за камиони и едно АТВ возило се запленети од страна на царинските службеници на граничниот премин Богородица и на царинска испостава Струмица.
-Обидот за нелегален внес на делови за камиони е откриен од страна на царинските службеници на влез на граничниот премин Богородица. Возачот на камионот, против кој е поднесена прекршочна постапка, се обидел да ги прошверцува деловите за камиони, криејќи ги во различни делови на возилото. За време на контролата, во внатрешноста на задните седишта, под и помеѓу седиштата, и во багажникот кај резервната гума се пронајдени вкупно 516 различни делови за камиони, информираат од Царинската управа.
Меѓу непријавените делови, како што посочуваат, се комплети плочки за кочење, лед фарови, задни штопови, цилиндри за сопирачки, стакла за фар, сетови кумплуг, разни светлосни обележувачи за приколки, како и други делови.
Во друг случај на царинска испостава Струмица е запленето едно АТВ возило, кое е откриено од страна на царинските службеници при контрола на стока пријавена за увозно царинење.
Возилото кое не е опфатено со увозната декларација е задржано, а против увозникот е поведена прекршочна постапка.
Ново на Сител
-
Герасимовски: Во Центар почнавме нова приказна, нека ни е среќна и успешна новата 2025 година
-
Тошковски-Мисајловски: Да изградиме модерна полиција и модерна армија како што доликува на една современа европска држава
-
Четворица ученици од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија човечки живот
-
Мицкоски: Проблемот со ЈСП Скопје е административен, не е со нафтата
-
Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата одлучи да му префрли 120 милиони денари на ЈСП-Скопје
-
Новогодишна честитка од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски
-
Песна што носи љубов и надеж
-
Министерот Мисајловски и генерал Лафчиски: Покажуваме доверба, синергија заеднички да продолжиме успешно да работиме