Царинска управа: Запленети непријавени 329 раствори за инјекции за визуелизација при магнетна резонанца
На граничен премин Деве Баир на влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење.
-На 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал од Истанбул до Пеќ во Косово, во средината, под едно од седиштата пронајдоа кутија во која имало 329 парчиња раствор за инјекции од 15 мл Gadovist 1.0 oд германскиот производител Бајер (Bayer) за којашто како сопственик се пријавил патник со иницијали М.Ш. од Косово. За медицинските производи патникот не поседувал ниту соодветна дозвола од надлежното Министерство за здравство, се наведува во денешното соопштение од Царинската управа.
Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежниот суд за кривично дело криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
МЗТ Скопје и Куманово го отвораат четвртото кошаркарско коло
-
Меси заработува повеќе од сите фудбалери заедно во 22 екипи во МЛС
-
Студено и ведро утро, преку ден сончево со мала локална облачност
-
ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње
-
Земјотрес со јачина од четири степени ја погоди Албанија
-
Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер
-
Министерот Ристовски се сретна со претседателот на Светската атлетска асоцијација Себастијан Коу
-
Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица