Царинска управа: Запленети пиштол и муниција од патник на Блаце
Запленет е пиштол и муниција коишто биле откриени од мобилен тим на Секторот за контрола и истраги при детална контрола на возило управувано од косовски државјанин на влез во државата на граничен премин Блаце. Пиштолот CZ Shadow 2 и една рамка со 15 куршуми со калибар 9 мм, се откриени во кожната чантичка на возачот којашто била скриена под совозачкото седиште, а во возилото се пронајдени и 5 чаури со калибар 9 мм, соопшти Царинската управа.
Пиштолот и муницијата се одземени, а против лицето е поднесена кривична пријава.
- Секторот за контрола и истраги во континуитет спроведува мерки за спречување на пролиферација на оружје, негови делови и муниција. Во оваа насока донесена е Стратегија и Акционен план за 2023-2024, во чии рамки се спроведуваат мерки и активности чија цел е ефикасно превенирање, идентификација, следење и сузбивање на недозволена трговија со оружје, а преку поголеми контроли, следење на состојбите, водење финансиски истраги, обезбедување докази и преземање на посебни истражни мерки се со цел сузбивање на криминалот поврзан со огнено оружје, информираат од Царина.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп