Царовска: Го подобруваме пристапот до правни услуги за ранливите групи граѓани
Северна Македонија е активно вклучена во спроведувањето на Отворено владино партнерство 2018-2020 во областа на пристапот до правдата. Со усвојувањето на Законот за бесплатна правна помош од страна на Владата, како и со развој на правните услуги на локално ниво значително е подобрен пристапот до правда на најранливите граѓани. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествуваат на шестиот Глобален самит за отворено владино партнерство во Отава, Канада.
-Како Влада која се грижи за сите граѓани продолжуваме посветено да работиме на зголемување на пристапот до квалитетни правни услуги за сиромашните. Веќе отворивме центар за правни услуги во Шуто Оризари, а во тек е отворање на вакви центри и во Тетово, Делчево и Прилеп. Ромските информативни центри веќе функционираат во 14 општини, а вработените ќе поминат обуки за правно зајакнување. Сето ова се прави со поддршка од Фондацијата Отворено општество и во соработка со граѓанските организации и општините. Со новото законско решение коешто е веќе на сила, овие лица добиваат правна помош, а трошоците за судски и административни такси, стручната награда, повеќе нема да се на товар на граѓаните, туку ќе се плаќаат од државниот буџет, рече министерката Царовска.
Значителен придонес во спроведувањето на Отвореното владино партнерство, како што истакна таа, ќе имаат и веќе донесените закони за спречување и заштита од диксриминација и социјалната реформа.
Во воведните обраќања на отворањето на Самитот, Северна Македонија беше посочена како позитивен пример во реформите во пристапот до правда и до правно зајакнување.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото