Македонија
15. May 2019 - 16:10

Царовска: Идентификувани 167 деца на улица меѓу кои и 18 бебиња

Чистење стакла, питачење, продавање на мали предмети на случајни минувачи, пропратено со физичко и психичко малтретирање...  Двонеделната работа на шесте мобилни тимови на ЦСР Скопје на најфреквентните крстосници во главниот град резултирале со идентификување на 167 деца, од кои 18 бебиња, вклучени во улична работа.    

Одговорните велат дека преку ваквиот пристап при решавањето на социјалните проблеми, децата освен финансиска, добиваат и континуирана сервисна помош и поддршка преку интеграција на целокупното семејство. 

Од следниот месец уште 14 нови тимови ќе работат на терен. Во летниот период дел од нив ќе бидат префрлени и во туристичките центри во државава, бидејќи во тој дел од годината таму се врши најголема злоупотреба на детскиот труд.