Царовска не отстапува од образовните реформи
Промени во образованието мора да има порача министерката за образование и наука Мила Царовска.
За иницијативата за собирање потписи со која се бара граѓаните да се изјаснат на референдум, министерката посочи дека референдумот е демократско право и за тоа си има постапка. И покрај оспорувањето на дигитализацијата, министерката посочи дека во континуитет течат подготовките за наставата во прво и четврто одделение од учебната 2021/2022 година да почне по нови наставни програми и модернизација на образованието.
Царовска рече и дека секогаш е отворена за Дијалог со сите засегнати страни. Толку поради тоа што Царовска не отстапува од реформите, родителите најавија дека ќе ги радикализираат протестите. Во 18 часот протестот ќе започне пред МОН а ќе заврши пред собранието. Најава за протести има и во другите градови.
Елена Милошевска
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува големи потреси на пазарот со електрична енергија во земјава
-
Инвестициите и општинските капитални проекти ќе го зголемат економскиот раст
-
Истражување: Битола најотворена општина, Сопиште најзатворена
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
СДСМ и денеска бара разрешување на Христовски од директор во АНБ
-
Владата останува на ставот дека АНБ и Агенцијата за разузнавање треба да бидат споени во една институција
-
Мицкоски не очекува турбуленции со цената на струјата по Нова Година