Царовска: Неофицијално сум информирана дека во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ ученици учат во подрум
На новинарско прашање дали има информација дека ученици во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ од второ одделение се сместени во подрумска просторија на училиштето без дневна светлина, без проветрување, без оние суштински мерки кои се потребни да се заштитат од коронавирусот и дали има иста ваква слика во другите училишта, министерката Царовска рече дека неофицијално е информирана за овој случај.
- Пред да дојдам на овој настан јас бев информирана неформално, неофицијално дека такво нешто постои во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“. Службите се на терен ќе се утврди дали е тоа така или не заради тоа што не смее по стандард да бидат учениците сместени таму. Веднаш ако се утврди дека тоа е така ќе се преземат мерки отстранување на таквата неправилност иако морам да истакнам дека општините се надлежни за организација и инфракструктурно подобрување или организирање на училиштата, но сепак Државниот просветен иснпекторат ќе има своја постапка за отстранување на таквите неправилности, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот